Британскиот музеј и Google најавиле виртуелно разгледување што ќе овозможи да се видат повеќе од пет илјади изложби во нејзината архива.
Овој проект е еден од најголемите во историјата, а се развива уште од 2011 година со цел проучување на музејските примероци, без разлика каде се наоѓаат заинтересираните. Директорот на Британскиот музеј, Ник Мекгрегор, на тој начин сака да ги едуцира луѓето од целиот свет и да им ја приближи вредноста на уметничките дела низ историска приказна.
Google им овозможи на „гостите“ да влезат во музејот секогаш кога ќе посакаат за да ги разгледуваат експонатите, а на оваа виртуелна тура можете сами да изберете година која ве интересира и земја која ве интересира, и со еден клик можете да дознаете за сите изложени уметнички дела. Посетата на Британскиот музеј претставува голема приказна која ги спојува минатото и сегашноста.
https://britishmuseum.withgoogle.com/