Насловна / Ентериери / Виртуелни геометрии во ентериерот на ресторанот од театарот во Комо

Виртуелни геометрии во ентериерот на ресторанот од театарот во Комо

1 r
Поврзувајќи се со главното фоаје на Социјалниот театар во Комо, Arkham project ги реконструираат просториите на приземјето и задниот двор на постоечкиот објект, претворајќи ги во ресторан кој го именуваат „18.13“. Внатрешните површини се однесуваат на елементите на сцената, со употреба на темно црвени тонови налик театарската црвена драперија.

2 r

Со цел да се обезбедат возбудливи контрасти со белите ѕидови и сводови, панелите ја следат метафората имитирајќи ја текстурата на традиционалната облека во ломбардиската област во Италија, со ритам на спротивставените мат и сјајни нијанси.

3 r 4 r
Ориентирани кон еден од главните плоштади во градот, три трпезариски области се поврзани меѓусебно преку меѓукат, привлекувајќи кон линераниот дневен престој со истите обложувања. Кожните столици, црвените завеси и рефлекторите се наменети да потсетуваат на мистеријата и надреалната состојба на познатата сцена од серијата “Twin Peaks” на Дејвид Линч. Базирано на овој момент, концептите на „двостраност“ и „огледалност“ се апстрахирани низ целиот проект.

8 r

Волуменот на барот се протега од дневната област кон фоајето, претставувајќи визуелен „конфликт“ меѓу новите и старите лица. Идеите стануваат поочигледни во ходникот што циркулира кон дворот. Тука е создаден еден вид на оптички инструмент: геометриската форма трепери на почетокот од патеката облечена во црвено, за да ротира под одреден агол во правоаголник, а потоа динамички се спушта како што посетителите се движат кон задниот дел од ресторанот.

 

9 r

Меѓукатот е идентификуван од длабоката страна на оградата каде е создадена перцепциска илузија со иста висина на масички, за да визуелно се прошири просторот и обезбеди чувство на приватност, за разлика од приземните општи содржини.

6 new r
Додека, пак, трпезарискиот аранжман во дворот се наоѓа наспроти средновековните постоечки ѕидови како екстензија на оригиналната структура. Просторот е нагласен со голем стаклен отвор, кој на затворениот пејзаж му дава чувство на отворена воздушна сцена.

6 r 7 r 8 (2) r

 

Испрати коментар

Scroll To Top