KAMAi MEDIA се ветерани кои може да се наречат и татковците на гејм-девелопментот во Македонија. Од пред некое време, во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола, стана јавно достапен проект на кој се потпишаа токму тие.
Се работи за прошетка низ реконструираниот римски театар во VR (Виртуелна Реалност). За да го искусите не ви е потребен ниту компјутер, ниту комплицирани кабли, џојстици или контролери: доволни ви се виртуелните очила Oculus Quest 2 и вашите сопствени раце.
Благодарение на Macedonian Games Industry сиве овие работи доаѓаат на @A1 Game Fest 2023 на 25 и 26 ноември од 12:00 часот, па така ќе имате можност за получасовно патување назад до далечната двестота година од новата ера, каде ќе можете слободно да се движите низ реконструкцијата како да сте навистина таму, ќе можете да го контролирате времето и просторот и по нешто да научите за историјата на оваа битолска знаменитост.