Насловна / Вести / Virgin Orbit доби дозвола за првото британско лансирање во вселената

Virgin Orbit доби дозвола за првото британско лансирање во вселената

Британската управа за цивилна авијација (CAA), ја овластила компанијата Virgin Orbit за изведување на првото британско лансирање во вселената. CAA ја избрала компанијата на Ричард Бренсон, соперникот на Илон Маск во вселенската трка, бидејќи  Virgin Orbit “ги има превземено сите разумни чекори со цел ризиците поврзани со лансирањето да ги сведе на најмала можна мера“. Virgin Orbit го планира лансирањето во наредните неколку недели од космодромот во Корнвел.

virginorbit1

 

Мисијата наречена Start Me Up, во чест на рок бендот The Rolling Stones, вклучува пренаменет авион од типот Virgin Atlantic Boeing 747 и сопствена ракета LauncherOne. Целта на мисијата е поставување во орбитата на неколку сателити за цивилна и воена намена. Станува збор за првите сателити лансирани од територијата на Европа. Досега Велика Британија лансираше свои сателити од странски космодроми. Британската влада планира отворање на уште еден космодром во северен Велс, и се надева дека комерцијалните вселенски летови во следната деценија ќе и донесат ан земјата 4,6 милијарди долари.

virginorbit2

 

Испрати коментар

Scroll To Top