Насловна / Вести / Virgin Galactic повторно продава билети за патување во вселената

Virgin Galactic повторно продава билети за патување во вселената

Компанијата Virgin Galactic, во сопственост на британскиот милијардер Richard Branson, повторно ја покрена продажбата на билети за пошироката јавност за претстојните патувања во вселената, што предизвика раст на нејзините акции за повеќе од 10%. Компанијата планира да ги има првите 1.000 клиенти со почетокот на пружање на услугата на комерцијални летови во вселената, подоцна оваа година. Акциите на Virgin Galactic во октомври 2022 забележаа пад од 66%, бидејќи тогаш компанијата ја одложи оваа услуга за четвртиот квартал 2022 година. Резервациите за летовите во вселената вклучуваат пристапување на заедницата „Идни астронаути“, соја на членовите ќе им овозможи пристап до настаните и подготвителните активности пред нивното патување во вселената.

virgin3

 

Неколку компании, вклучувајќи ги SpaceX на Илон Маск и Blue Origin на Џеф Безос, работат на тоа вселенскиот туризам да стане реалност, а некои од нив веќе имаа обични граѓани на вселенските мисии.

virgin1

Испрати коментар

Scroll To Top