Насловна / Вести / Virgin Galactic го реализираше својот прв комерцијален лет до работ на вселената

Virgin Galactic го реализираше својот прв комерцијален лет до работ на вселената

Компанијата Virgin Galactic, после десет години подготовки, го реализираше својот прв комерцијален лет со екипаж до работ на вселената. Откако е лансиран со помош на ракетата VMS Eve, вселенскиот брод/авион VSS Unity достигнал височина од околу 80 километри, односно стигнал до работ на вселената. Потоа, 15 минути подоцна, авионот се приземјил во Њу Мексико, во целост согласно планот. Со тоа успешно е реализирана истражувачката мисија Galactic 01.

galacticvirgin1

Прв клиент на компанијата Virgin Galactic била италијанската влада, која извршила истражување во микрогравитација. Пред овој комерцијлен лет, Virgin реализирал пет вселенски летови со екипаж, а последниот од нив беше во мај кога патуваат четворица вработени во компанијата.  Сепак, патот до успехот бил трнлив. После неколку неуспешни тестови на вселенскиот авион SpaceShipTwo во комбинација со авионот WhiteKnightTwo во 2013 година, VSS Enterprise се сруши во 2014 година, при што загиа копилотот, а пилотот беше тешко повреден. Тестовите со VSS Unity продолжуваат во 2016 година, а авионот конечно доспеал во вселената во 2018 година. Првиот лет со полн екипаж е реализиран во 2021 година, кога во авионот бил и првиот човек на компанијата, Richard Branson. Сеоак, комерцијалната услуга е одложена неколку пати од различни причини, при што последни во низата беа одредени унапредувања на авионот VMS Eve. Мисијата Galactic 01 е исклучително важна за Virgin, кој досега немаше клиенти кои плаќаат билети. Со години компанијата губеше пари, вклучувајќи и 500 милиони долари во 2022 година. Но, денес билетите се продаваат по цена од 450.000 долари.

galacticvirgin2

Главен ривал на Virgin е Blue Origin, компанија која припаѓа на основачот на Amazon, Jeff Bezos. Сепак, Blue Origin за лет во вселената користи конвенционална ракета која достигнува поголема височина, односно 100 километри. Но, и Blue Origin  имаше проблеми минатата година, бидејќи ракетата New Shepard имаше дефект една минута по лансирањето. Од друга страна, компанијата SpaceX нуди поинакво искуство, бидејќи нејзината ракета Falcon во комбинација со капсулата Crew Dragon го води екипажот во орбитата (другите се суборбитални летови). SpaceX реализираше и приватна мисија на Меѓународната вселенска станица, во времетраење од десет дена, која чинела 55 милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top