Насловна / Арт и дизајн / Virgil Abloh во соработка со Moët & Chandon

Virgil Abloh во соработка со Moët & Chandon

Virgil Abloh, американскиот моден дизајнер, уметник, ДЈ и уметнички директор на машката колекција Louis Vuitton и еден од најславните креативни визионери, овој пат соработува со прославената француска винарија Moët & Chandon.

вир5

Тој дизајнирал ексклузивно шише за иконичниот шампањ Nectar Impérial Rosé, моментално најпродаваното розе во Соединетите Држави.

вир2

Во тек на цела година Abloh работел со куќата Moët & Chandon за да развијат радикален пристап и трансформација на класично златната боја во бела етикета. Секое шише го носи потписот на дизајнерот „DO NOT DROP”, што го прави идеално колекционерско издание.

виргил
Virgil Abloh ја претстави ограничената колекција на шишиња од 3 литри за паријателите и фамилијата, додека шишиња од 750 милилитри можат да се најдат во одбрани градови.

вир3

Испрати коментар

Scroll To Top