Насловна / Арт и дизајн / Вирџил Абло: Неговата мисија беше повеќе од уметност, односно социјално-политичка

Вирџил Абло: Неговата мисија беше повеќе од уметност, односно социјално-политичка

Неодамна светот го потресе инфомацијата за смртта на дизајнерот Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Louis Vuitton“ и креаторот на модниот бренд „Off-White“. Но, всушност Абло беше многу повеќе од моден дизајнер. Неговата пасија и визија се стремеа за поместување граници на постоечкото, а неговата мултидисциплинарност и љубопитност го поврзаа со повеќе светски компании, што го направија водечка фигура во светот на модата и дизајнот, од неговото иконично реинвентирање патики Nike до неговата колекција за животни стилови за ИКЕА.

virgil-abloh-portrait-off-white-interview-dezeen-sq_resize

,,Сè што правам е за да ја задоволам мојата седумнаесетгодишна верзија“ – е една од легендарните изјави на Абло, а воедно и неговата најголема цел, да биде инспирација и пример на модата и дизајнот за сите млади во светот. Неговата мисија беше повеќе од уметност, односно социјално-политичка со стремеж да отвори врати и да создаде услови за сите, без разлика на нивната заднина и етничка припадност.

Роден е на 30 септември 1980 година во Рокфорд, Илиноис, а неговите родители биле емигранти од Гана. Дипломирал градежништвото на Универзитетот Wisconsin-Madison во 2002 година, а магистрирал архитектура на Illinois Institute of Technology (IIT) во 2006 година. Кога Абло го посетувал IIT, во кампусот во изградба бил објект проектиран од архитектот Рем Колхас (кој исто така работел на колекциите на пистите за Прада), што помогнало да се разбудат неговите интереси за модата.

a8051abe19951ef236c8346dc5bebd53_resize

По завршувањето на своето образование, тој достигнува многу успеси и соработки меѓу кои најклучни се: добивање на функцијата прв афроамерикански креативен директор на модната куќа Louis Vuitton, директор во креативната агенција Kanye West „Dondа“, главен дизајнер и основач на модната куќа „Off-White“ соработник на Mercedes-Benz, ИКЕА, Nike, Pioneer DJ, Vitra и аудиоинженерот, Devon Turnbull. Исто така голем успех доживува во 2011 година со номинацијата за Grammy за уметничка режија на албумот на Jay-Z и Kanye West „Watch the Throne“, со добивање на наградите British Fashion Awards „Urban Luxe“ и Меѓународен дизајнер на годината на доделувањето на наградите GQ Men of the Year 2017. Имал низа изложби во галериите Gagosian со јапонскиот уметник Такаши Мураками, предавал на Харвард и на Колумбија.

Светот се збогува со Абло на 28 ноември 2021 година, по двегодишна тивка борба со редок вид на рак дијагностициран во 2019 година.

КОЛАБОРАЦИЈА СО ИКЕА

Ограничената колекција „MARKERAD“ лансирана на 1 ноември 2019 година на Абло со шведскиот бренд за мебел ИКЕА е производ на двегодишна експериментална работа, чија главна цел е пренесување на својот личен ексцентричен печат на она што тој го нарекува „демократски дизајн“. Главен таргет на оваа соработка е помладата клиентела која не е толку богата. Односно, оваа колекција е особено насочена кон студентите и младите кои се вселуваат во своите први домови. Оваа соработка претставува големо достигнување бидејќи некои од производите се распродадени во првите неколку минути.

virgil-abloh-Markerad-collection-ikea-launches-usa-dezeen-2364-col-24_resize

Неговата колекција Маркерад содржи голем број на храбро дизајнирани и чудни парчиња, во кои спаѓаат репликата на Мона Лиза со осветлување зад сликата, чуден зелен килим со фразата „влажна трева“ како украс врз површината, килим налик на сметка за килим од ИКЕА и многу други. Абло објаснува дека сакал да го земе она што често се смета за вообичаено и да му даде забавен, неочекуван пресврт.

„Потребно е да му дадам на секој предмет причина за постоење во согласност со мојот дизајн, логика и културата во целина“  – ќе изјави Абло.

https___hypebeast.com_image_2018_06_ikea-virgil-abloh-2018-7_resize

КОЛАБОРАЦИЈА СО БРЕНДОТ VITRA

Во 2019 година Вирџил Абло во соработка со реномираниот бренд за дизајнерски мебел Vitra организираа футуристичка изложба наречена „Twentythirtyfive“. Изложбата е инсталирана во Противпожарната станица на кампусот Vitra во Вајл ам Рајн, каде Абло и Vitra заеднички дизајнираа и изложија три производи како ограничени изданија, а Абло исто така редизајнираше и две парчиња мебел од Jean Prouvé, иконичен француски дизајнер од 20-тиот век.

vitra2_resize

Концептот на инсталацијата се содржи од два дела „Минато/Сегашност“ и „Иднина“. Во делот наречен „Минато/Сегашност“, домот се гледа низ пластични стакла и изгледа како дом на еден просечен тинејџер во 2019 година со предмети од секојдневието, давајќи му носталгичен филтер, додека делот „Иднина“ претставува прогресивен поглед кон далечната 2035 година, на истиот тој тинејџер целосно трансформиран и созреан.

vitra-virgil-abloh-twentythirtyfive-us-edition-6_resize

„Мислам дека помладата генерација сега е изложена на дизајн на нови начини. Дигиталниот пејзаж дефинитивно ќе влијае на нашата идеја за домот, но има различни видови мебел и предмети кои исто така ќе станат нови класици“ – изјавува Абло за оваа изложба. Тој ги интерпретира дизајнерските класици подалеку од дискурсот на интелектуалната елита за да ги направи достапни и разбирливи за пошироката, а воедно и помлада јавност. Според неговите зборови, дизајнот може да биде мост од минатото, со поглед кон иднината.

vitra-virgil-abloh-05_resize

Ваквиот тип на соработки на Vitra се дел од голем број експериментални проекти со дизајнери, архитекти и уметници кои доведоа до дискусии кои го надминуваат производството на парчиња мебел и функционални предмети за дома – што резултира со изложби, инсталации и специјални изданија на Vitra кои допираат до тип на публика која е заинтересирана за социјалното и за општественото прашање на дизајнот.

ВЉУБЕН ВО AIR JORDAN

Врската на Вирџил Абло со Nike започнала многу одамна пред тој првпат да го посети седиштето на компанијата во октомври 2016 година за да започне нова соработка. Како тинејџер, живеејќи во Рокфорд, тој и неговите пријатели скицирале идеи за патики и ги испраќале до Nike. „Бевме вљубени во Air Jordan“, зборувал Абло за својата фасцинација. „Мајкл Џордан беше поголем од животот – тој за мене беше Супермен. Целото мое дизајнирање и мојот етос потекнуваат од 90-тите години“.

Untitled-1_resize

Од Nike за него велат дека е еден од најбрзите нивни соработници кога било, Абло повторно ги  реобмислил 10. најпознати патики на брендот во текот на само 10 месеци од идеја до реализација. Меѓу дизајните се и иконичните Air Jordan 1. „Она за што зборуваме овде е поголемо од патики, поголемо од дизајнерската култура“, изјавил Абло за одлуката повторно да се произведат патиките. „Овие 10 патики ги скршија бариерите во изведбата и стилот. За мене тие се на исто ниво како скулптурата на Давид или Мона Лиза“.

nike2_resize

OFF-WHITE – КОЛЕКЦИЈА ЗА ДОМА

Колекцијата „HOME“ на модниот бренд Off -White е прва колекција наменета за парчиња мебел и производи за домот, издадена во партнерство со онлајн продавницата 1st Dibs во 2020 година, во која се вклучени околу 80 нови производи дизајнирани да влезат во домот, кујната, дневната соба, бањата и спалната соба. Во новата колекција експлицитно го истакнува стилот на брендот  Off-White, каде на секојдневните предмети им додава невообичаен приказ со празнини, дупки, отпечатоци од раце што го доловуваат она што Абло го нарекува, „логика на гледање низ нештото со цел да се направи посилна врска и идентификување со тој објект.“

н_resize

Палетата од оваа колекција е поделена во три категории: кревет, бања и керамика. Иако, навидум концептот звучи едноставно, сите парчиња имаат свој уникатен декор, дизајниран од Абло, каде се појавуваат и персиски принтови и холандски делфтвер, како и кинески порцелан правејќи ја колекцијата достапна за сечиј вкус.

OFF-WHITE-HOME-2_resize

Колекцијата „КРЕВЕТ“ вклучува седење, односно двојна софа, ткаенини и плетени додатоци и столови со платно, колекцијата „БАЊА“ се додатоци за во бањата – крпи и бањарка со логото на Off-White, додека последната категорија „КЕРАМИКА“ е најобемна и содржи најмногу парчиња, составена од комплет за појадок и ручек, комплет за кафе, чаши, шолји и пепелници. Сите производи даваат луксузни вибрации на ИКЕА, со елегантни материјали во бела боја, комбинирана со интензивни јаки бои, проникнати во нивната минималистичка слава, дискретно обележани со амблем со стрела на Off-White, кој е брендиран на секој производ.

00-story-karlatto_resize

Ваквиот микс на ексцентричност со минимализам и функционалност Абло го толкува како лекција за живеење, спој на едноставноста со елеганцијата, сè со цел да се создаде минимален декор без пренатрупаност, неред и кич.

Автор: Ангела СТЕФАНОВСКА, дипл. инж. арх.

virgilxikea_resize

virgil-abloh-Markerad-collection-ikea-launches-usa_dezeen_2364_col_3-852x1068_resize

ecdd176e3479d9631d11c27bccdc8283_resize

go_05_012-copy_resize large_resize

AMy2CQ0tvLOn_resize

Испрати коментар

Scroll To Top