Ретко кој останува рамнодушен на изгледот на ова растение, а освен што изгледа убаво, се верува дека овој цвет носи и среќа.
Декоративната или виолетова детелина многумина ја нарекуваат најубав пролетен цвет. Ако мислевте дека одгледувањето на ова необично растение бара многу труд, се лажете. Им успева дури и на почетници.
Виолетовата украсна детелина потекнува од семејството Oxalis triangularis и со своите прекрасни и нежни лисја и цветови освојува и украсува се повеќе домови. Сепак, не е само одличен избор за прозорци и куќи, туку и за тераси и дворови.
Потекнува од Бразил, а нејзините темно виолетови цветови се затвораат во текот на ноќта.
Виолетовата детелина бара светлина и влажна почва. Ако ја одгледувате во надворешни услови, обезбедете и светлина, но имајте на ум дека сакаат температури околу 15 степени. Може да поднесе и повисоки температури, но мора да се внимава, бидејќи ако надмине температурата 27 степени листовитњ ќе венеат и растението нема да биде свежо и убаво. Наводнувањето треба да биде ретко, што значи одвреме-навреме мала количина на вода.
Декоративната детелина расте во луковици и се размножува со делење.
Растенијата се отпорни на болести, но може да ги зафатат растителни вошки. Oxalis може да се да се негува како собно растение, може да се засади во поголеми корпи или жардињери и заедно со некои други цвеќиња.