Проектот наречен Harbor Club, потпишан од холандската компанија Levs Architecten, е интересен нов мастер план кој подразбира реновирање и проширување на бродскиот терминал во Амстердам, кој е изграден во 1901 година.
Како дел од овој проект извршена e трансформација на поранешните индустриски силоси за складирање на вино во уникатни простори за живеење.
Според New Atlas, локацијата на клубот Харбор се наоѓа во делот Крукиузејланд во Амстердам, во областа на источното градско пристаниште.
Новиот простор се состои од реновирани оригинални пристанишни згради, нов влез, како и шесткатна станбена зграда во форма на L, која се вклопува во предметната локација заедно со постоечките силоси, сега преобразени во куќи.
Силосите првично биле користени за складирање вино за холандскиот пазар, а за да се трансформираат во простор кој е удобен и безбеден за човечкиот живот, внимателно се исчистени од секаква трага од штетни остатоци, била поставена изолација, а одредени површини биле застаклени, со што е овозможена удобна и светла внатрешност.
Секој од силосите е трансформиран во простор за живеење на три нивоа кој содржи дневна соба, кујна, трпезарија и спална соба со бања.
По реновирањето, силосите се поставени на покривот на станбена зграда со 81 стан, додека во долниот дел е поставен голем простор за организирање на различни настани.
Може да се каже дека е неблагодарно да се постави простор за живеење над место каде што често се организираат јавни настани, но Levs Architecten користи многу звучна изолација при изградбата на станбен дел и успеале да го организираат просторот така што овие две функции директно не се допираат, и нема опасност од пренесување звучни вибрации.
“Клучниот предизвик на дизајнот беше да се инсталира голем простор за настани директно под 81 станбена единица кои на градот очајно му требаат и се наменети за животот на младите“, објаснуваат архитектите.
За да се реши тоа, просторот е изграден како самостоен објект со свои темели. Така, станбената зграда изгледа како да лебди над оваа кутија на долги греди. Овие две единици всушност не се допираат никаде, бидејќи меѓупросторите се исполнети со впивачки материјал, додаваат од Levs Architecten.