Винербергер, кој е еден од поддржувачите на годинешниот БИМАС, ги кани архитектите на специјална презентација во рамки на Биеналето на тема ИНОВАТИВНИ ГРАДЕЖНИ РЕШЕНИЈА.
Детали за настанот:
Датум: понеделник 25.09.2023
Време: 19:30-20:00
Локација: Музеј на современа уметност
Тема: Иновативни градежни решенија
Винербергер е најголемиот производител на тули во светот и со своите 217 производствени погони во 27 земји, ги држи водечките позиции на пазарите за ќерамиди во Европа. Преку висококвалитетните покривните системи Tondach, тулите Porotherm и павер-елементите Semmelrock, Винербергер нуди решенија насочени кон иднината во форма на градежни материјали со убедлив квалитет.
Не ја пропуштајте оваа интересна можност да бидете во тек со иновациите во архитектурата!