Насловна / Архитектура / Vineam – македонска премиум ќерамида

Vineam – македонска премиум ќерамида

Иновацијата може да се види во најразлични форми, па и во производството на ќерамиди, каде што придонесува за нивна дополнителна вредност.

Приказната за групацијата Wienerberger започнала во Австрија во 1819 година. Во текот на 200 годишното постоење, групацијата стана најголемиот светски производител на градежни материјали, со повеќе од 260 фабрики, присутни во 26 држави од кои и во Македонија.

New construction single family in Zottegem

Тимот на Wienerberger е одлучен во развивањето на одржливи и иновативни концепти, преку асортиманот на производите на линиите Porotherm, Tondach и Terca.

Покривот е важен елемент на домот. Керамичката ќерамида Tondach се состои од висококвалитетна глина – природен ресурс без хемиски додатоци штетни за здравјето и за животната средина. Глината е печена до изразено тврд степен, со што се постигнува нејзината уникатност и долготрајност.

Тоа ја прави особено стабилна и отпорна на топлина и на замрзнување, како и на нечистотии од околината и од хемикалии. Докажаниот век на траење на една ќерамида е повеќе од 100 години.

Tondach Vineam dark brown

Користењето на најмодерни технологии во процесот на производство е гаранција за финален, енергетски ефикасен и одржлив производ, соодветен за модерни архитектонски проекти, но и за традиционалната архитектура.

Високата енергетска ефикасност на градбите и одржливото градење стануваат сè поактуелни. Здравата животна околина може да се оствари единствено со користење на природни и еколошки прифатливи градежни материјали.

Wienerberger нуди иновативни системски решенија за одржливо, еколошки прифатливо и енергетски ефикасно градење.

Винеам е нова генерација на целосно природна глинена ќерамида. Со векови глинените ќерамиди имаат докажана супериорност во однос на сите останати видови покриви на нашите простори.

МК_МКТ_PHO_Vineam-natural-red_resize

Со врвната технологија за нанесување заштитна енгоба на површината на сувата ќерамида, со печење од над 1.000 степени, се формира цврста неделива целина. Со тоа не само што се подобрува естетскиот изглед на покривот туку и се намалува впивањето на водата, се забрзува одводот на дождот и се обезбедува докажана издржливост.

При печењето се користи исклучиво природен гас како единствено еколошко гориво без ефект на загадување на околината и на самиот производ. Совршената површина на ќерамидата изработена со оваа технологија, која е видлива и со голо око, се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината.

MK_MKT_PSH_TON_Vineam_natural_red_SAPCode_437212210000_resize MK_MKT_PSH_TON_Vineam_black_SAPCode_437212210040_resize

Tondach Винеам е пресувана ќерамида која со својата широка рамна покривна површина на покривот му дава рамен изглед.

Димензии: 25.5 х 43.5 cm

Парчиња во м2: 12.3 парчиња

Покривна ширина: 21,60 cm

Покривна должина: 30.0-37.5 cm

Тежина по парче: 3,20 kg

Минимален нагиб на покрив со подконструкција: 15°

Парчиња во палета: 300 парчиња

(Пресек слика dwg или pdf фајл)

Wienerberger e4 house concept e4 visualization with black roof

Оптимално решение за покрив со наклон

Моделот Tondach Винеам е континентален тип на ќерамида која се произведува во Македонија, во фабриката на Wienerberger во Виница. Ова е најпродаваниот тип на ќермамида на нашите простори, со минимален нагиб на покрив со подконструкција од 15° и лизгачка област 30.0-37.5 cm што ја прави особено поволна не само за градба на нов туку и за реновирање на покрив. Ќерамидата Винеам со поместување е идеална за санација на покрив, бидејќи оптимално може да се вклопи на старите летви.

Винеам ќерамида веќе и во црна боја

Големиот избор на бои може да излезе во пресрет на естетските очекувања на архитектите и инвеститорите. Освен природно црвената боја, Винеам е достапна и во енгоби: црвена, медена, кафеава, зелена и антрацит боја.

Тondach Винеам совршено ќе се вклопи во смелите и модерни архитектонски решенија. Оваа ќерамида е трајна, отпорна и квалитетна.

Нејзината убавина не бледнее зашто енгобата има заштитно својство што ја прави ќерамидата отпорна на УВ-зрачење и на други природни влијанија. Многу лесно се вклопува во модерни градби со рафинирани или дискретни фасади, бидејќи апсолутно одговара на секој тренд.

Model

Глинените Винеам ќерамиди може да се употребуваат:

  • За семејни куќи, станбени згради, деловни и јавни објекти;
  • За двоводни покриви каде накосувањето може да се избере во зависност од регионалната клима за да се постигне оптимална заштита од врнежи од дожд, снег или ветер;
  • Како облога на фасади;
  • За реновирање и нови градби;
  • Од историски градби па сè до модерни семејни објекти.

Предности на покрив со Tondach Винеам

  • Wienerberger е водечки производител на ќерамиди во Европа
  • Традиција од 200 години
  • 100% природни производи
  • 33 години гаранција
  • Голема енергетска и финансиска заштеда
  • Промислена техника, најдобра заштита од временски непогоди
  • Флексибилна санација на сите форми на покрив
  • Бесплатна пресметка на потребниот материјал
  • Бесплатна техничка поддршка

image description

Испрати коментар

Scroll To Top