Насловна / Архитектура / Винаријата Alton Wines го врамува пејзажот

Винаријата Alton Wines го врамува пејзажот

Облога од кедар и ригорозна структурна мрежа се одлика на просторијата за дегустација на винаријата проектирана од американското биро GO’C, која е дизајнирана да ги врами погледите на пејзажот, пишува Dezeen.

3

Винаријата Alton Wines се наоѓа во непосредна близина на Walla Walla, град во југоисточен Вашингтон.

Винаријата го ангажирала бирото GO’C од Сиетл, да проектира соба за дегустација и винска градина на необично место – закривено парче земја што се наоѓа во превој на наклонети лозја.

2

„Се сметаше за ‘необработливо’ поради составот на почвата и локацијата во кривина на лозјата, сопственикот и земјоделецот на земјиштето ја чекаа вистинската можност да изградат нешто посебно“, велат од GO’C.

Клиентите сакале објект кој е чувствителен на околината и го прифаќа пејзажот. Исто така, сакале надворешен простор во сенка – важен фактор со оглед на сувите и топли лета во регионот.

01

Како одговор, архитектите замислиле еднокатна зграда која е тивко сместена во своето опкружување налик на залив.

Правоаголна во основа- и со помош на строга структурна решетка – зградата се состои од соба за дегустација и винска градина кои се одделени со покрвање на правецот на ветерот.

9

Од рамен покрив се издигнува оџак, кој помага да се зацврсти објектот и светларник што овозможува влез на природна светлина.

Надворешните ѕидови се обложени со кедар. Северната страна е релативно нетранспарентна, додека јужната фасада е обложена со големи делови од стакло.

Целата зграда е наменета да врами одредени погледи на пејзажот.

6

„Архитектурата делува како рамка, приближавајќи го пејзажот во фокусот и правејќи го дел на нечиво непосредно искуство“, изјавил тимот.

Архитектите посебен акцент ставиле на редоследот при доаѓањето.

Посетителите приоѓаат од север и поминуваат под долгата настрешница од челик. Виновата лоза на крајот ќе се преплетува низ структурата, овозможувајќи визуелна привлечност и сенка.

4

Настрешницата завршува на патека на зградата каде струи ветре, која е замислена како тераса.

„Овој драматичен пристап го доловува и нагласува погледот на планините Blue Mountains кои се гледа низ терасата помеѓу двете згради“, велат архитектите.

На западната страна на зградата се наоѓа просторијата за дегустација, каде што гостите се охрабруваат да се задржуваат.

12

Светлиот и транспарентен простор има бетонски под, дрвен плафон и современ декор, голем камин со челична плоча, гипсана рамка и вградена остава за дрва.

Светларник со квадратна форма внесува мека дневна светлина.

5

На ѕидот свртен кон југ поставени се лизгачки врати кои овозможуваат просторијата да се прелее на двор. Настрешницата е формирана од брановидна префабрикувана ткаенина која може да се вовлекува.

Винската градина е на источната страна на објектот, каде што има гарнитура за боравок на отворено и столици со висина за шанк.

Бетонските ѕидови и пултови поставени се околу два заоблени шпорети. Сопствениците на винаријата обожуваат готвење и често носат познати готвачи за време на викенд настани.

Отворените простори на објектот ја прошируваат корисната површина и им овозможуваат на гостите „да го прилагодат искуството на винаријата на нивните потреби“, вели тимот на GO’C.

10

13

7 11

Испрати коментар

Scroll To Top