Заоблен зелен кров нежно ја крие винаријата проектирана од бирото Czech Aleš Fiala Studio во ридестиот пејзаж на Kurdějov во Чешка.
Наречена Gurdau Winery, зградата од 1.260 квадратни метри изгледа како да го имитира постоечкиот пејзаж кон поетската зелена површина.
Брендот е основан во 2012 година на „зелено поле“, со засадување на првите винови лози на падините над селото Kurdějov.
Низ историјата селото био еден од најважните снабдувачи на вино за жителите на Микулов и Брно, како и за аристократските дворци во Моравија. Со усвојувањето на историското име на селото, младата винарија Gurdau се залага за големото лозарско наследство на оваа област.
Почетната идеја за објектот на две нивоа била да се создаде винарска куќа која се смета за оперативно најефикасна локација, буквално во центарот на лозјата.
Проектирана е зграда која истовремено „е соодветна на намената и е поетска“, одалечена од селото и нуди смирувачки и волшебни глетки.
Сместена на отворено, зградата донела високи барања за архитектонска и пејзажна интеграција, волуменот на зградата е заснован на пејзажот, се појавува во форма на нежна крива – бран во пејзажот, рид меѓу ридови.
„Посветено е големо внимание објектот да се вгради во теренот и да се поврзе со културното и природното зеленило“, вели Aleš Fiala.
Кровната кривина е проектирана како екстензивно зеленило, а околината на зградата е засадена со 150 грмушки и зрели дрвја, кои често растат низ „перфорираниот“ кров.
Целокупното влијание и корист од новото зеленило и врз пејсажот и врз зградата ќе станат се поочигледни со текот на годините.
Бирото ја опишува зградата како „органска архитектура“. Зградата е изградна од армиран бетон, на две нивоа. Додека подземниот дел се користи за производство, складирање и архивирање на вино, приземјето се користи за дегустација, седење и продажба. Покрај тоа, нуди два апартмани за повремени ноќевања.
Поставувањето на дел од објектот во земјата е традиционално за винарија, а концептот е крајно современ и безвременски. Атмосферата на амбиентот се заснова на искуство на убавина, префинетост и апсолутна удобност.
Употребата на материјали како бетон, стакло, метал, дабово и багремово дрво е чиста и директна и ја поддржува органската форма на зградата. Во исто време, најголемо внимание се посветува на прецизната изработка и деталите.
Директниот контакт со пејзажот, овозможен со големите стаклени површини, пространите тераси и косиот кров, носат различни природни расположенија и годишни времиња во доживувањето на просторот.
Вградувањето на зградата во теренот создава чувство на добредојде и природно спојување со местото од кое доаѓа виното.
„Веруваме дека концептот на Gurdau Winery ќе даде значаен придонес за брзо растечката и винска и вино-туристичка култура во Чешка, и ќе го поддржи растот на новата шармантна традиција на култивирани средби и врски меѓу човекот, виното и пејзаж“, велат од бирото.
Зградата е проектирана со најголема почит кон околниот пејзаж. Целосно е покриен со заоблен широк зелен кров, така што е речиси невидлива во далечните погледи откако вегетацијата ќе порасне.
Околината на зградата е дополнета со голем број нови грмушки и зрели дрвја со цел да се создаде оптимална микроклима во иднина.