Австралиското биро Jolson Architecture and Interiors ја заврши винарската визба Pt. Leo Estate Winery со скулптурални sидови на рурална локација на брегот полуостровот Морнингтон, Австралија.
Јазикот на зградата произлегува од етаблирано лозје, како синтеза на фино вино, скулптура, архитектура, рурален пејзаж и драматични погледи на океанот.
Длабоко вклопена во контекстот, зградата се издига од земја како апстрактен архитектонски гест, следејќи ја закривената природа на локалитетот, повикувајќи се на процесот на производство на вино и попримајќи свој суптилен скулптурен квалитет.
Објектот е проектиран за Pt. Leo Estate, врвен австралиски производител на вино, како и страствен колекционер на уметност. Зградата ги обединува двете работи заедно, како и вински подрум, ресторан и парк за скулптури, контекстуално врамени во драматичен рурален имот. Намерно сместен на највисоката точка на оваа локација со површина од 135 хектари, концептот е со намера да се покани јавноста да се ангажира со етаблираното лозје, драматичниот поглед на океанот и вистинскиот австралиски пејзаж.
Заоблената форма е апстрактна интерпретација на точење вино од шише и органскиот циклус на бербата. Храбар пејзажен гест гест и дизајн со флуидни sидови, создава силен дијалог со иконичната скулптура на Инге Кинг, една од постојаните колекции на клиентот.
Изградените форми избиваат на површина на земјата, додека преминувате низ предниот двор на ѕидови кои го задржуваат продолженото лозје. Во летните месеци, долгите каскади со винови лози создаваат вел и го заштитуваат објектот, зајакнувајќи го одговорот на дизајнот на локацијата и контекстот. Тоа е објект кој е на земја и во земја. Испуканата гранитна површина од предната градина, заедно со асиметрично поставеното единственото дрво го доловуваат суровиот, еродиран и распукан австралиски пејзаж.
Влезната осовина делува како филтер кој се одликува со изобилство на природна светлина која минува низ дрвените летви на плафонот за да го оддели предворјето од радијалниот павилјон.
Ентериерот оприфаќа радијалната фацетирана мрежа вградена во архитектурата и ја изразува преку ѕидовите, плафоните и столаријата. Завршните обработки внимателно се изработени, реагирајќи на тонските поместувања и инспирирани од деконструирано буре со вино, со доминација на челик и дрво кои ги обложуваа внатрешните површини.
Радијалниот план на зградата ги организира и раздвојува трите зони, влезната, подрумската и ресторанската. Замаглената форма ја артикулира секоја област без потреба од sидови или прегради внатре во голем отворен простор и резултира со внатрешно искуство, задоволувајќи ја желбата на клиентот, секоја функција да работи истовремено со еднаков нагласок.
Во рамките на радијалниот план сместени се Cellar Door, Pt. Leo Restaurant и Laura Fine Dining. Лево од влезот, Cellar Door го користи соседството на лозјето за да ги олесни разговорите за виното и се протега на надворешна тераса. Десно, Fine Dining е именувана по скулптурата Лаура на шпанскиот уметник, Jaume Plensa, нуди мени инспирирано од регионалните производи на Морнингтон.
Во внатрешноста на зградата, постои постојана врска со околниот пејзаж и паркот на скулптури, намерно позиционирани во видокруг. Исто така, зградата има намерна понизност кога се гледа од паркот на скулптури. Нејзиното присуство се намалува со радијалното ширење на зградата, истакнувајќи ја самата уметност.
Паркот на скулптури ја следи кривулестата патека додека се обвиткува околу архитектурата, создавајќи посредник во погледот помеѓу архитектурата и лозјето или океанот. Во паркот се изложени над 50 скулптури со големи размери од локални и меѓународни уметници, чиј кустос е Geoffrey Edwards, поранешен директор на галеријата Geelong, меѓу уметниците се Clement Meadmore, Deborah Halpern, Inge King, Tony Cragg, Jaume Plensa, Anthony Pryor и Augustine Dall’ava.