Насловна / Вести / Вилнус ќе стане огромен кафе-бар на отворено

Вилнус ќе стане огромен кафе-бар на отворено

Главниот град на Литванија, Вилнус, ќе се претвора во огромен кафе-бар на отворено. Властите ќе им овозможат на кафе-баровите и рестораните да поставуваат маси надвор, на отворено, како би можеле да ги почитуваат правилата за социјално растојание, бидејќи земјата постепено ги олеснува мерките на карантинот поради КОВИД-19.

На продавниците, фризерските и салоните за убавина, библиотеките, музеите и кафе-баровите им беше дозволено од понеделникот, повторно да се отворат низ цела Литванија.

Балтичката држава регистрираше 44 смртни случаи и 1.344 позитивни случаи на корона вирусот од почетокот епидемијата, според извештајот што го води Универзитетот  John Hopkins.

vil1

Но, кафе-баровите и рестораните сè уште треба да се придржуваат на строгите правила за физичко дистанцирање. За да продолжат со работа дозволено е само седење на отворено и гостите што седат на различни маси треба да бидат оддалечени најмалку два метра.

Според градоначалникот на Вилнус, Ремигиус Шимашиус, ова правило би ги исклучило повеќето од угостителските објекти во Стариот град, кој е на листата на УНЕСКО, каде тесните калдрмисани улици оставаат малку простор за седење на отворено, особено што просторот не дозволува големо растојание меѓу масите.

Поради тоа, градот одлучи да отвори 18 јавни градски површини кои ќе ги користат кафе-баровите и рестораните, пишува Еuronews.

vil

„На плоштадите и улиците – угостителските објекти во близина ќе можат да постават маси на отворено оваа сезона, бесплатно и на тој начин да ги спроведат своите активности за време на карантинот. Само отворете, работете, задржете ги работниците и одржувајте го Вилнус жив”, изјави градоначалникот минатата недела.

Мерката е поздравена од угостителите, Евада Шишкауски, претсетателка на Здружението на хотели и ресторани во земјата, вели дека „дојдена е токму на време“.

„Овој дополнителен простор ќе им помогне да сместат повеќе гости и да го вратат животот на градските улици без да ги нарушуваат безбедносните барања“, додадава таа.

Повеќе од 162 кафе-барови и ресторани аплицирале за поставување седење на отворени јавни места и градот соопшти дека доколку е потребно може да се даде и повеќе простор.

Испрати коментар

Scroll To Top