Насловна / Вести / Вилнус е прогласен за „Зелена престолнина на Европа“ за 2025 година

Вилнус е прогласен за „Зелена престолнина на Европа“ за 2025 година

Од 2008 година, градовите се кандидираат за титулата „Зелена престолнина на Европа“, што е награда за оние градови со над 100.000 жители, додека „Европскиот зелен лист“ се доделува на најдоброто урбано подрачје во категоријата од 20.000 до 100.000 жители.

вилнус1

Во Талин, Естонија, неодамна главниот град на Литванија, Вилнус е прогласен за „Зелена престолнина на Европа“ за 2025 година, а Виладеканс (Шпанија) и Тревизо (Италија) ја освоија титулата „Европски зелен лист“ за 2025 година. Овие градови, познати по своите значајни чекори кон одржливост и здрави животни простори, се издвоиле во силната конкуренција од 14 кандидати.

вилнус2

„Вилнус – зелениот град во формирање“ – е мотото кое му се допаднало на жирито, додека градот веќе го има зацртано својот пат кон климатска неутралност до 2030 година преку низа ефикасни стратегии. Градот има повеќе од 5 милиони жители, и е втор по големина во регионот на Балтичките земји, а во 2009 година од страна на Европскиот парламент е прогласен и за културна престолнина на Европа.

На сите победнички градови, ќе им биде доделена и финансиска награда за зајакнување на нивните напори во областа на одржливоста, при што Вилнус добива 600.000 евра, а Виладеканс и Тревизо по 200.000 евра.

 

Испрати коментар

Scroll To Top