Насловна / Архитектура / Village Vertical од 28.000m2 во Париз

Village Vertical од 28.000m2 во Париз

Sou Fujimoto, Nicolas Laisné и Dimitri Roussel ќе градат нова порта во Rosny-sous-Bois, предградие на Париз, во рамките на големиот проект Grand Paris. Нивниот проект Village Vertical, е избран како победнички предлог на конкурсот Inventions la Métropole du Grand Paris. Тимот го сочинуваат стручњаци од областа на пејсажната архитектура од компанијата Atelier Georges како и урбанисти од компаниите La Compagnie de Phalsbourg и REI Habitat. Village Vertical е проект со мешовита намена кој ќе се простира на површина од 28.200 метри квадратни. Архитектите планираат отворени простори во склоп на приземјето и на покривот. Под отворен јавен простор планирани се 6.000m2, додека 17.000 m2отпаѓаат на резиденцијален простор. Конструкцијата на објектот се одликува се бели елегантни столбови, неправилни тераси и застаклена фасада.

Проектот Grand Paris има за цел да го подобри квалитетот на живот на жителите на Париз и да придонесе во обликувањето на одржлив град. Во рамките на конкурсот Inventons la Métropole du Grand Paris барани се решенија за реконструкција на 112 локации во 75 општини.

Paris 1

Paris 3

Paris 4

Испрати коментар

Scroll To Top