Оваа е куќата е проектирана за сопственичка, жена која посакувала не само конфорен, туку и удобен простор за живеење сместен во централното подрачје на бурниот град Хо Ши Мин (некогаш Сајгон), Виетнам.
Како резултат на барањата на сопственичката и концептот на виетнамското проектантско биро MIA Design Studio создаден е простор за живеење кој лебди над мини градина, давајќи и на сопственичката чувство дека оди по мостови. Сите примарни простори за живеење во куќата Villa Tan Dinh се поврзани во комбинација со растенија и вода, како и природна светлина.
Друга посебна карактеристика е локацијата која е во непосредна близина на историските градби на Хо Ши Мин, како што се црквата Tân Định и пазарот Tân Định. Исто така, куќата се наоѓа во средината на областа 3, која се смета за најзгусната област во градот. Во раните утрински часови или попладне, може јасно да се слушне ѕвоното од црквата, или само да се излезете од куќата и со неколку чекори, директно да се биде во контакт со амбиентот на „уличките“ на градот, што може да се сфати како специјалитет на урбаната култура.
Куќата Villa Tan Dinh со површина од од 538 квадратни метри резултира со едноставна, квадратна бетонска кутија однадвор, со внатрешност која содржи многу слоеви на простории за живеење изградени од бетон и камен. Стаклените врати и прозорците од подот до плафонот ги замаглуваат границите помеѓу внатре и надвор, додека визуелно ги мешаат материјалите на објектот со густата вегетација на дворовите и градините.
Резултатот е релаксирачка, мирна атмосфера во која жителката може да ужива во прошетка во паркот и вкусот на околниот град токму во нејзиниот дом. Во обид да ги ублажат ладните бетони и челикот кои се наоѓаат на фасадата на Villa Tan Dinh, архитектите инсталирале на систем на челична мрежана кој ќе се рашират лијани, винова дрвена лоза со долго стебло, кои создадат свеж, зелен филтер за куќата.