Резиденцијата Villa la Tout се наоѓа во Црна Гора на ридовите на Јанковиќа Крш на патот Подгорица – Цетиње со поглед на Скадарското езеро. Автори на проектот се црногорското биро ANDU architects.
Куќата се состои од два блока јасно нагласени однадвор. Масите на волумените јасно го одвојуваат традиционалното од современото со својот изглед и приватните од социјалните содржини со својата внатрешна организација. Уредувањето со отворен базен има за цел да ја зачува и истакне природата.
Внатрешноста на објектот се карактеризира со чисти линии, разновидни волумени и отвори, кои ја нагласуваат визијата и идентитетот на просторот. Материјализацијата на внатрешните простори изведена е во светли бои и природни материјали.
Структурата на вилата е армиран бетон, во комбинација од панелни и скелетн систем. Крововите се рамни и непроодни, проектирани така што водата се собира од нивните површини. Од платото за возила, до објектот се пристапува преку пешачки патеки интегрирани во пејзажот. На јужната страна е оформен базен со платформи околу базенот.
Долниот блок е изведен од рачно делкан камен. Горниот блок се карактеризира со систем вентилирана фасада, фиксни панели, комбинирани со лизгачки ролетни и перфорирани облоги. Користениот материјал е кортен челик.
Villa la Tout беше номинирана за наградата Mies van der Rohe на Европската унија за современа архитектура во 2015 година. За мотивите и начинот на кој е создадена куќата е снимен документарен филм во режија на Владимир Тодоровиќ, насловен како Крш (Карст).