Со цел истовремено да се овозможи врамување на најубавите погледи и да се задржи приватноста на комплексот, француското архитектонско студио Atelier Delphine Carrère ја дизајнирале фасадната дрвена обвивка со динамичен распоред на мали и големи прозорски отвори, во зависнот од нејзината ориентација.
Екстериерот на комплексот е обвиен во вертикални ленти од црвен кедар, креирајќи синергија со доминантната вертикала на околните борови дрвја. Фронталната фасада е позатворена и има за цел да ја одржува приватноста на корисниците, врамувајќи ги само специфичните погледи кон пејзажното опкружување, додека пак како нејзин контраст, задната фасада е обликувна со големи застаклени отвори кои ги максимизираат погледите кон градината, базенот и боровата шума.
Наспроти црвеникавиот и ритмично обликуван екстериер, ентериерното уредување се базира на поладна палета на сиви нијанси и бела боја, како и полиран бетонски под кој природно ја балансира топлината низ внатрешноста.