Мет Дејмон конечно успеа да го продаде својот имот во Мајами по цена од 15.375 милиони долари. Среќен клиент е Патрик Маркет, извршниот директор на компанијата AmeriSave Mortage. Овој имот со пристап до вода, првично бил ставен на продажба по цена од 20 милиони долари во април 2013 година, која на крајот на минатата година се намали на 18.999 милиони. Oвој имот изграден e во медитерански стил во 1935 година, и од тогаш има добиено бројни дополнувања. Главната резиденција, куќата за гости, базенот и спа, се покрај летната кујна и терасата на покривот главните делови на имот. Исто така, овој имот има свое приватно пристаниште.
Површината на вилата е 1300 м2, има седум спални соби и десет бањи, и опкружена е со ѕид од високи палми. Главната вила има две нивоа, има подови од темно дрво, детални гипсани детали, а содржи кујна со гастрономска опрема, театар, канцеларија, винарска визба.
Големата дневна соба има главен поглед на океанот. Главната спална соба има бања која е слична на спа и која има независен туш и посебна када и двојни мијалници.