Имотот во Четворт, Лос Анџелес, Калифорнија, кој бил во сопственост на славниот Френк Синатра речиси 10 години, сега е на продажба.
Овој имот, кој е во стилот на модернизмот, чини 7,5 милиони долари, бил прикажан во познатата серија Mad Men, со себе носи симбол на престиж. Последен пат бил продаден по цена од 1,54 милиони долари во 1998 година.
Инаку, имотот е во сопственост на Дора Хатчинсон, која своевремено била позната по своите бурни холивудски забави. Тој е наречен Farralone, а бил дизајниран од страна на познатиот американски архитект Вилијам Переира, во чие портфолио се наоѓаат делата како што се Transamerica Pyramid Center во Сан Франциско, архитектонската икона на САД – The Theme Building на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, потоа The Kennedy Center во Вашингтон…
Луксузната вила, која е вистински скапоцен камен на овој имот, се наоѓа во дел кој нуди панорамски поглед на градот и околните планини. Вилата зафаќа површина од околу 1.000 м2, односно има четири спални соби, шест бањи, бар и неколку функционални камини. Малиот кружен базен во дворот е опкружен со убави градини, во чија близина се наоѓа и луксузна мала вила за гости, како и поголем базен со платформа за скокање.