Оваа куќа во близина на Хелсинки сместена е на карпестиот брег, гледа кон Балтичкото море и е со кровна форма која ја затскрива терасата од суровите ветришта.
Локалните проектантски бироа Mer Architects и Ettala Palomeras Architects соработуваа на проектот за Вилата К која се наоѓа во областа Spjutsund долж брегот во близина на главниот град на Финска.
Инвеститорите се четириесет годошен брачен пар. Посакале да си изградат нов дом откако нивните деца се преселиле и осамостоиле. Локацијата која ја одбрале е на крајбрежен дел, стрми карпи, мочуриште и магловита шума.
Пред да се договараат со архитектите околу проектната програма, сопствениците на Вилата К на локацијата си изградиле сауна и поминале тамо некое време, како би го разбрале природното опкружување и информациите кои истото треба да ги даде за дизајнот на куќата.
„Инвеститорите побараа куќа од природни, груби материјали и посакаа да биде изградена од бетонски елементи“, објаснуваат архитектите.
„Вечерното сонце и погледот на море на запад и северозапад беа појдовна точка“
Објектот се издига од широки скали поставени на предната страна до покачената задна фасада која е опкружена со високи дрвја и гледа кон шумата.
Поголемиот дел од зградата се наоѓа на работ на карпата. Нивото на подрумот видливо од северната страна содржи компактна сауна, како и мала сала, простор за складирање и технички простории.
Основата е коленеста и се протега околу карпа на источната страна на куќата, се создава простор за тераса која е заштитена од ладни морските ветришта.
Скалите на предниот дел од куќата исто така водат до заклонет трем од кој се влегува во приземјето, каде се сместени станбените простории.
Клизна стаклена врата го поврзува станбениот дел со терасата која е поставена кон шумата.
Главната спална соба е сместена на полукат, на највисоката кота на куќата. Двете мали студија сместени на задната страна на приземјето и спалната на полукатот имаат клизечки врати кои се отвараат на тераси кои пружаат поглед на море.
Користените материјали се внимателно одбрани како би го надополниле природниот амбиент и да создадат чувство на цврста школка која го заштитува тополиот и удобен ентериер.