Романтичнaта Тоскана отсекогаш била идеална локација за бегство за многу уметници. Токму тука престојувал и славниот Данте, а во прашање е вила на врвот на тосканските падини која со својата рустикалност и шарм го привлекува вниманието.
Денес станува збор за Villa Capponi којa е целосно реставрирана и реконструирана неколку пати. Вилата може да се изнајмува, а има дури 14 апартмани. Таа се наоѓа на 15 минути возење од Фиренца, и веднаш привлекува со нејзината необично и импресивна фасада. Сличниот стил продолжува и во нејзината внатрешност, каде што изворното е искомбинирано со модерното, се со цел да го задржи својот автентичен изглед кој е многу ценет. Гостите тука можат да уживаат во убавите градини и лозја кои ја опкружуваат оваа прекрасна градба.