Сместена на прекрасна полурурална парцела од 3.7 хектари во долината Портола во Калифорнија, куќата Vidalakis Residence од 7.000 квадратни метри во основа е организирана како латиничната буква „L“ со примарна циркулација поставена на оската исток-запад. Поголемиот дел од јавните и приватни простори свртени се кон север и уживаат во драматични кратки и долги погледи, додека Сан Франциско се гледа во далечината.
Линеарен базен е поставен нормално на куќата со три бесконечни рабови, издигнувајќи се над теренот на северниот крај, нагласувајќи ги драматичните погледи и благиот пад на теренот.
Г-ѓа Видалакис, приватен психолог и ќерка на сопственикот, творец на оваа семејна куќа, филантропот Ник Видалакис, започнала да ја гради својата куќа од соништата уште во 2008 година. За време на потрагата по совршенство, сопственичката разгледала над двесте архитектонски написи во период од осумнаесет месеци, за конечно да одлучи да го ангажира архитектот Роберт Сват од компанијата Swatt / Miers Architects.
Целиот проект изискувал скоро седум години за да се комплетира, што резултирало со стаклен трикатен модернистички изглед, прекрасен поглед на мостот Голденгејт и пејзажите на Сан Франциско.
Проектот на Сват, конструктивно е поделен на два дела, со едно крило на куќата потполно отворено со големи стаклени површини, спроти кое се наоѓа делумно затворена правоаголна единица со фасада од махагони.
Во куќата проектирани се еднокраки дрвени скали од калифорниски орев кој водат на катовите. На последниот кат сместена е спалната соба на сопствениците, опремена со посебно дизајниран кревет и заглавие поставено со Мисони свила, како и неколку Мурано стаклени лустери.
Мошне одлучна во намерата своите гости да ги држи подалеку од личниот, приватен простор, Видалакис, додала одвоен еднособен апартман и канцеларија над просторот на гаражата за два автомобила. Дополнително, покрај приодниот пат се наоѓа самостојна, потполно опремена двособна вила наменета за посетители.
Оваа семејна куќа во долината Портола неодамна беше пуштена на пазарот на недвижнини со цена од 33 милиони долари, додека за целиот процес на продажба е надлежен брокерот Мајкл Драјфус, од компанијата Golden Gate Sotheby’s International Realty. Меѓутоа, купувачот на оваа резиденција од стакло, дрво и бетон не би требало да има проблеми, бидејќи неговата нова куќа е однапред опремена со еклектична колекција на современи уметнички дела.
Колекцијата, која доаѓа во склоп на луксузниот ентериер, вклучува специјално дизајнирана аголна клупа Astral на уметник Томас Мозер, како и розова фотелја од Ричард Шулц, сместена спроти неа. На sидовите низ овој дом има шарени слики од американскиот поп-уметник Доналд Бечлер, кои сочинуваат комплет од шест примероци во ограничено издание.
Речиси секоја поединечна просторија од овој дом е полна со неверојатни уметнички дела. На подовите е можно да се забележат прекрасни скулптури, вклучително и три бронзени дела од Роберт Холмс, задолжени за додавање на интересни метални примеси на целиот декор.
Покрај бескрајниот базен поставена е и кобалтно сина конструкција, која сама по себе може да се смета за уникатно уметничко дело, составена од еден кружен сегмент поставен на тенок столб за создавање сенка во врелите летни денови.