Насловна / Архитектура / Вила во близина на Опатија која лебди меѓу дрвја

Вила во близина на Опатија која лебди меѓу дрвја

Во Волско, типично медитеранско рибарско градче во Риечкиот залив, оддалечено околу два километри од Опатија, сместена е куќата VMN House.

Овој објект со површина од 430 квадратни метри е проект на белградското биро A3 Architects.

1

Куќата се карактеризира со прочистено модернистичко обликување, со кое со што помалку потези успешно е постигната хармонија со околниот автентичен амбиент.

Куќата како одраз на околината

Главното барање на клиентот било да се проектира простор кој хармонично ги испреплетува животните навики на клиентот и непосредната околина, притоа овозможувајќи им на станарите  можност за нијансирани активности обележани со нова меморија – меморија на Јадранското море и мирисите.

2

„Главниот проектантски мотив беше куќата да биде што повеќе одраз на околината, така што преку функционалниот програм и обликување овозможи проникнување на контекстот и корисникот, теренот и куќата, непосредниот амбиент и далечните визури, ентериер и екстериер“, објаснуваат архитектите.

3

Во однос на локацијата, авторите посочуваат дека падината на Учка, највисоката планина во Истра, препознатлива по пошумувањето со даб и ловор, обврзува просторната интервенција да биде во склад со постоечката состојба на автохтона вегетација, како и со падината која овозможува погледи на Јадран.

7

„Оваа идеја за почитување на микроклимата услови куќата со својата база постепено да се нурне во теренот, додека горниот волумен лебди меѓу дрвјата, поттикнувајќи на тој начин природната средина да проникне во животот на станарите на куќата“, велат од бирото A3 Architects.

10

Поврзување со пејзажот на повеќе нивоа

Главната идеја зад обликувањето на куќата била во што помалку потези да се постигне хармонија со околниот автентичен амбиент.

Така, според проектот, просторните целини каскадно го следат затекнатиот терен, со што се отвора можност за поврзување со околниот пејзаж на повеќе нивоа.

5

„Пропорцијата на куќата, како и хоризонталното ‘развивање’ на функциите резултираше со создавање на лебдечки кубус, кој со својата ориентација и форма ја нагласува хоризонталноста и станува дел од изохипсата на теренот“, велат од А3.

Имајќи предвид дека правецот на простирање на објектот е југозапад-североисток, со ориентација на содржините кон морето, пристапната зона со придружниот двор и градина ја следи положбата на самиот објект. На овој начин, целата просторна организација на парцелата ги следи изохипсите, така што каскадно се засекува во падот на теренот.

9

„Со повлекување на кубусите се формираа дополнителни квалитети на просторот помеѓу надворешноста и внатрешноста на куќата и на овој начин се постигна подобра контрола на влијанието на климата врз животот на станарите“, објаснуваат авторите и додадаваат: „Со третирање на фасадата на првиот кат со огледало се создава илузија дека природата ја ‘нападнала’ куќата на ниво на партер и со тоа непречено дополнително ја истакнува убавината на автохтоната околина која ја карактеризираат палми, чемпреси, бамбуси, агави…“

„Токму спецификите на морфологијата на теренот, затекнатата вегетација и климата во Опатија се силите што влијаеа на самата програма на куќата и на внатрешниот распоред на функциите“.

6

Три различни завршни облоги на фасадата

Кога станува збор за материјализацијата, покрај огледалото, на фасадата се појавуваат уште две завршни облоги. На ниво на подрумот употребени се камени плочи со груба обработка, додека фасадата на вториот кат е обложена со локален камен со фина обработка.

Подовите на собите се обложени со природно дрво, додека во дневните зони е употребен камен под, со што се создава чувство дека корисникот постојано е дел од природата.

4

Функција на куќата

Во приземјето на куќата проектирани се главниот влез во објектот, гаража за три автомобили, технички простории, перална, ТВ соба, сауна и фитнес сала од која е овозможен пристап до атриумот на северната страна.

Првиот кат е поделен на две целини. Едната целина се состои од кујна, бања и голема дневна соба која излегува на голема тераса со базен и надворешно уредување.

Во втората целина се спална соба со бања, тоалет и работна соба која има пристап до тераса на партерот. Партерот е поврзан со нивото на приземјето со еднокраки скали и пристапниот дел до локалниот пат.

8

Настрешница над тераса со базен

Надворешното уредување се состои од зелени тераси, кои поради теренот каскадно паѓаат кон котата на приземје. Засадени се со трева, локални грмушки и дрвја. Пејзажното уредување ги следи каскадно формираните целини, создавајќи неколку помали амбиентални вегетациски целини околу куќата.

Вториот кат на јужната фасада е повлечен во однос на првиот кат и приземјето. Со својата архитектура формира настрешница над терасата со базен на приземјето.

0

На катот се пристапува преку еднокраки скали од дневната соба на приземјето, а се состои од родителска спална соба, две детски соби и бања.

Сите простории се поврзани со надолжниот елемент на терасата, кој формира продолжеток на сите соби кон отворениот простор со поглед на море“, објаснуваат авторите.

Испрати коментар

Scroll To Top