Насловна / Архитектура / Вила со поглед во Елшани

Вила со поглед во Елшани

5_prioritetna
Прашањето на перцепцијата нè охрабрува да ја доживуваме архитектурата како постоење во објектот со поглед, со допир и со слух.

За да ја отвориме архитектонската перцепција, треба да се застане пред хоризонтот и да се препушти на претопувањето на екстериерот и ентериерот. Создаваме архитектура која вклучува јасна мисла формирана на самиот терен. Овде се постигнува рамноправност на полното и празното, со архитектонска промисленост и сведеност на применентите материјали. Станува збор за вила сместена во Елшани, Охрид. Објектот се интегрира во теренот, кој со нагиб од 45°, маната ја претвора во доблест.

2Мимикријата е фасцинантна. Поради местоположбата и обликот на теренот, објектот не може да се согледа од ниту една блиска позиција, освен од воздух и од езеро, а од самиот објект може да се гледа сè – пред, покрај, под и над.
Во идејниот план и проектот е даден приоритет на физичко и визуелно искуство, нераскинлива врска помеѓу планината и езерото. Положбата на оската исток-запад ја потврдува позитивната енергија на објектот.

presek

0

4

Сообраќајниците не ја тангираат локацијата, со што објектот е заштитен од бучавост и загадување.
Поради стилот на живеење на сопствениците, објектот изобилува со пространи внатрешни и надворешни простори, кои овозможуваат групно доживување на убавината која сопствениците сакаат да ја споделат со пријателите.

Трите фасади од приземјето на објектот се делимично вкопани, што освен природната композиција на теренот и објектот овозможува и додатна термичка изолираност. Големите стаклени површини кон езерото се комбинација на трослојно стакло, ламелирано 4+4 мм ниско емисионо + аргон + 6 мм стакло, со кои се спречува влегувањето на студот и топлината, а се овозмозува прекрасен поглед на зајдисонцето. 3

На горниот кат, каде се поставени спалните соби, се употребени истите стаклени површини на кои ниту оградата од стакло не ја прекинува глетката – кога се будите имате впечаток дека сте на душек на сред езеро.

6 7 8  9
pako,maja,bajrusЛокацијата на базенот, преку преливот го спојува хоризонтот на езерото со базенот и објектот. Објектот е проектиран и граден во постојана корелација со проектантот и инвеститорот и е плод на добрата соработка.

Фото: Румен Ќамилов

 

 

 

 

 

 

 

Пако и Маја

1. Тип Викенд куќа
2. Локација Елшани – Охрид
3. Површина 350 м2
4. Година 2012
5. Автори Пако Радовановиќ , Маја Кириќ Радовановиќ
6. Фирма Радо инженеринг

 

Еден коментар

  1. Здраво, дали е можно да се знае цената за изнајмување?

Испрати коментар

Scroll To Top