Оваа прекрасна вила се наоѓа во Онтарио, Канада. Сместена на голем посед од 13,1 хектари, вилата е многу луксузна и повеќе потсетува на скриено одморалиште отколку на приватен дом со 1.200 метри простор за живеење, при што околу 600 м2 се посветени за забава и рекреација.
Оваа вила од светска класа нуди осветлен камен бар, домашно кино, како и уникатна showroom гаража на повеќе нивоа за 12 автомобили. Атрактивноста и луксузноста на вилата и ентериерот се припишува на архитектите од Richard Wengle Design.
Најфините материјали и луксузните завршни детали, откриваат нови нивоа на луксуз и елеганција. Беспрекорно конструиран за уживање и удобност, овој дом има големи отворени/затворени простори за забава, кои се идеални за каков било вид на друштвени собири.
Гостите на оваа вила можат да уживаат во отворена/затворена кујна со печка за пици и стаклени ѕидови. Луксузно дизајнираната отворена дневна соба има свој камин и телевизиски сет, а постои уште еден al-fresco трпезариски простор на пониско ниво.
Просторот околу базенот е дефинитивно најдобриот елемент на вилата, којшто потсетува на опкружувања кои се гледаат како дел од најлуксузните хотели на светот.
Исто така, сопствениците на оваа вила може да се пофалат со своите шест спални соби, десет бањи и спектакуларни погледи во кои може да се ужива од секоја соба.
Цената на оваа вила е 8,5 милиони долари.