Оваа прекрасна вила нуди најдобар поглед на „Бел Ер“, луксузното одморалиште во Лос Анџелес, но тоа задоволство чини неверојатни 55 милиони долари.
Дизајнирана од познатиот дизајнер од Лос Анџелес, Пол Меклин, оваа куќа конечно е завршена во 2014 година и е една од најлуксузните куќи во веќе богатиот крај. Оваа вила е неверојатно пространа. Во неа има седум спални соби, дванаесет бањи, огромна и убава кујна и дури и вистинско домашно кино. Сопствениците, исто така ќе бидат во можност да уживаат во „бесконечниот“ базен и прекрасниот поглед на Лос Анџелес.
Цената на ова ремек-дело се неверојатни 55 милиони долари. Иако Лос Анџелес е полн со богати луѓе, тешко некој ќе биде во можност да ја купи оваа вила, односно палата, но, најверојатно, ќе се најде некоја холивудска ѕвезда, која ќе сака да ги минува викендите тука и да ужива во погледот на Холивуд.