Чарлс Парк е талентиран моден магнат од Лос Анџелес, кој основал бројни модни брендови во текот на изминатите 30 години. Исто така, тој успеал да ги канализира своите дизајнерски вештини во изградбата на една од најубавите вили на Беверли Хилс, која е сместена во Lago Vista Drive, а сега е достапна за купување по цена од 50 милиони долари.
Во соработка со архитекти од Parks & Associates LLC, Чарлс Парк ја осмислил оваа интересна резиденција на два ката, со 1.400 м2 простор и со отворен концепт.
Таа има седум спални соби и единаесет бањи. Се разбира, она што се наоѓа во нејзиниот ентериер е навистина импресивно – меѓу останатото, тука е овален Mooi лустер и оригинална слика на Енди Ворхол.
Што се однесува до мебелот, парчињата со кои е опремена вилата чинат повеќе од милион долари, па во него може да се видат брендови како што се Minotti, B & B Italia и Gandia Blasco. Исто така, оваа луксузна вила има комплетно автоматизирани звучни, безбедносни, HVAC и светлосни системи.
Потенцијалните сопственици ќе можат да уживаат во салата, пространиот лифт и винарската визба со 600 шишиња, како и приватно кино со Sony 4K проектор и Dolby Atmos звучен систем.
Исто така, вилата е идеална за забави и дружења, поради тоа што има место за камперски оган, голем базен, џакузи и трпезариски простор на отворено.