Насловна / Архитектура / Вила на Велешко Езеро – Чистина во изразот

Вила на Велешко Езеро – Чистина во изразот

Проектантско биро: Архитектура нова

Година: 2020 – 2022

Површина: 425 m2

Автори: Марија Димитриевска, дипл. инж. арх. , Елена Пазарџиевска, дипл. инж. арх.

Локација: Населба на Велешко Езеро

Инвеститор: Приватен

Фотографии: Борис Јурмовски, дипл. инж. арх.

_MG_3649_E_resize

4_resize

Да се дејствува и гради во веќе изграден контекст претставува одговор и реакција на околината, стремеж за воздигнување на функцијата и нејзиниот естетски израз.

Во таа смисла, проектирањето на овој објект за индивидуално домување претставуваше процес каде потребите и барањата на корисникот беа апстрахирани во архитектонска визија на јасна идеја која интерпретира варијанта на современа вила во природа.

j_MG_3711-2_e_e_resize

j_MG_3684_resize

Лоцирана во новооформена викенд-населба на Велешкото Езеро „Младост“, оваа вила е реализирана како долга (инфра)структура поставена на северниот дел од раскошна зелена парцела.

Овој приземен објект е составен од различни волумени кои создаваат посебен однос како со теренот, така и помеѓу себе. На овој начин се постигнува динамика во композицијата, но и различни амбиенти во внатрешниот простор.

j_MG_4014_resize

j_MG_3703_resize

Хоризонталната диспозиција овозможува нижење на програмата во секвенци, целосно обмислена според потребите на корисникот.

Главен принцип при проектирањето е создавање близок контакт со надворешноста, дворот и зеленилото. Ова е постигнато со одлуката објектот да лежи директно на котата на теренот, па на овој спој, големи стаклени платна формираат транспарентна визуелна граница помеѓу ентериерот и екстериерот.

j_MG_4031_resize

j_MG_3727_resize

„Патувањето“ низ објектот се случува низ подолжен „коридор“,правец, кој нè носи во различни сегменти. Главниот, формален влез на објектот е дискретно поставен на источната фасада, оформен како тенок, а висок шлиц од црна (дематеријализирана) врата со тенко стаклено платно за визуелна комуникација. На северната фасада се организирани помошните простории, додека кон југ се сместени главните простори за одмор и дневен престој. Оваа поставеност се чита и преку обликувањето на фасадите, па така, јужната фасада кон дворот е скоро целосно застаклена, додека северната фасада кон улицата е полна и тивка.

j_MG_4001_resize

j_MG_3961_resize

Источниот волумен ја содржи главната спална соба со засебна бања, како и сите потребни помошни простории организирани околу влезот во објектот. Главниот, највисок волумен е простор каде се случува дневниот престој. Овој простор има своја екстензија кон надворешноста, каде се оформува платформа која завршува со долгнавест базен. Базенот е дизајниран како интегрален дел од објектот, конструктивно и програмски. Во централниот волумен фокална точка претставува каминот, поставен слободно во просторот на позиција која овозможува да се одвои посебен дел за рекреација каде е поставена маса за билјард. На северната страна е организирана кујната како отворен концепт со централен остров, понатаму библиотека и бар, сауна и мала вежбална како продолжение на рекреативната зона.

j_MG_3682_resize

Волуменот на западниот крај е физички одвоен со продор (прекин) во целината, наткриен со бетонски перголи. Овој волумен содржи два апартмани, исполнети со опрема која овозможува нивно функционирање како независни целини.

Гаражата со помошни простории е обликувана како засебен објект, физички одвоена од куќата и поставена на поголема оддалеченост, оставајќи простор за „ритуално“ влегување преку цветна градина.

j_MG_4036_resize

j_MG_4051.2_resize

Конструктивно, објектот е обмислен во безгредов систем од столбови и хоризонтални рамнини. Специфични елементи се подвоените бетонски столбови кои се решени скулптурално, со намера да се одземе дел од нивната маса за да добијат прозрачност и леснотија.

jDJI_0833_e_resize

Ентериерното обликување и материјализацијата во објектот ја отсликува архитектурата, па преовладува израз со чисти линии и природни материјали. Мебелот е конструиран од елементи со дабова завршница. Природен гранит е употребен за хоризонталните површини на елементите во бањите, тоалетите , кујната, делови од мебелот како и завршна обработка на каминот и внатрешните скали. Бели плакари и простори за остава се дизајнирани на начин да бидат составен дел од ѕидовите. Едноставноста на материјалите и дизајнираните линии во ентериерот ѝ оставаат простор на светлината да биде главниот креатор на амбиентот и доживувањето. Чистината во изразот на објектот се стреми да претставува неутрална, но раскошна заднина за современото секојдневие на корисникот.

Автор: Марија ДИМИТРИЕВСКА, дипл. инж. арх.

j_MG_4036_resize

j_MG_4069_resize

j_MG_3934.2_resize

j_MG_3906_resize

j_MG_3806_resize

j_MG_3833_resize

j_MG_3937_resize

j_MG_3955_resize

j_MG_3915_resize

j_MG_3995_resize

j_MG_3841_resize

Испрати коментар

Scroll To Top