Проектантското биро Galal Mahmoud Architects стационирано во Бејрут и Абу Даби реновираше приватна вила сместена во срцето на Миконос, Грција. Зачувана е традиционалната архитектура и додаден е простор за опуштање на отворено кој директно се соочува со Кикладите.
Фокусирајќи се на екстериерот, терасите ги претвориле во места за целосно живеење, земајќи го во предвид ветерот кој знае да биде мошне незгоден на Миконос.
Трансформацијата на куќата е направена во соработка со сопственикот кој посакал сончев простор, можност за патување низ имагинација, а се тоа во извонредно природно опкружување. Проектот е завршен во соработка со грчкиот архитект Андреас Василарос.
Архитектите го зачувале локалниот карактер на локацијата и традиционалната архитектура на вилата, истовремено додавајќи современо и минимално чувство.
Трите клучни материјали кои се користат се бел цемент, камен со светла боја и за ентериерот и за екстериерот и дрвена облога за тераси. Во композицијата на боите доминираат бела и светло сива со допири на кралско сино. Континуитетот меѓу ентериерот и екстериерот делува како вилата да лебди помеѓу водата, морето и небото.