Според проектот на бирото Studio Synthesis во рибарското село Пржно, на карпест дел од брегот, директно покрај Јадранското море, изградена е туристичка вила.
Теренот е во пад кон кон морето по својата подолга страна. Локацијата и морфологијата на теренот условиле линеарно развиен објектот и негова функционална организација низ два надземни и еден подземен кат. Објектот е ориентиран запад-исток, па од сите простори може да се ужива во уникатни зајдисонца и прекрасен поглед на Будва, Стариот Град, островот Свети Никола и зачуваната амбиентална целина на црногорската населба Пржно.
Позиционирањето на објектот на парцелата подразбирало негова одредена оддалеченост од постоечкиот пат, со формирање зелена тампон зона покрај шеталиштето што се протега по границата на парцелата, а што ги поврзува Стари Град и Свети Стефан. Функционалната организација на приземјето овозможува интеракција со непосредната природна средина, што на корисникот му дава можност за престој и да ужива во него.
Непречен пристап до базенот, внимателно уредениот партер и плажата кои се интегрирани со вилата, овозможуваат чувство на изолација и пријатна оддалеченост од изградената околина.
Пет апартмана
Во однос на функционалноста, вилата нуди богата дневна зона со големи отворени површини кои овозможуваат продолжен дневен боравок во топлите месеци, мини-бар кој ги комплетира содржините покрај базенот, големи наткриени тераси како салон, простори за одмор во ладовина.
Тука се пет комфорни апартмани кои имаат посебна бања, гардероба и тераса, како и апартман за послуга со посебен пристап. Во сутеренот се сместени дополнителни содржини, мини-спа и велнес центар, различни места за рекреација и технички простории.
Објектот е затворен кон „надворешното изградено“ со артикулација на намалени, тесни вертикални отвори кои дополнително се поткрепени со вертикална рустика од брачки камен во приземјето. Камената пластика, динамичната површинска обработка и завршните каменорезачки работи додаваат дополнителна вредност на оваа реализација.