Уживање, релаксација, пливање, сончање и прекрасен поглед на природата на Карибите се само дел од активностите кои можат да се мечтаат, особено во овие дождливи есенски периоди.
Ако се уште имате малку време за одмор и финансиски можности, не постои подобро место за тоа од прекрасната вила на карпата Дунбар. Таа се наоѓа во близина на брегот на Хондурас, и неjзините посетители имаат можност да уживаат во идеална локација за максимална релаксација, нуркање и пливање во „инфинити“ базен, со поглед на морската шир.
Оваа вила ја окупира целата карпа, во средината на морето. Делува како единствено место на планетата, нудејќи луксуз кој, можеби, е подобар дури од оној што го нудат престижните одморалишта низ целиот свет.
Вилата има пет соби кои спремно ги очекуваат своите посетители за да ги разгалат и да се заљубат на прв поглед.