Насловна / Архитектура / Вила Cronus нуди величенствен поглед на Егејското морето и планините

Вила Cronus нуди величенствен поглед на Егејското морето и планините

Издлабена во карпест рид на островот Антипарос, современата вила позната како Cronus е нешто што не би очекувале да го најдете во дивиот кикладски пејзаж.

23

Модерната вила вредна 7,5 милиони евра е делумно вградена во теренот, но сепак нуди прекрасен поглед на Егејското Море и околните планини. Проектирана од бирото DECA Architecture со седиште во Атина, современата островска резиденција црпи инспирација од традиционалните медитерански куќи и кружните структури што одгледувачите ги подигнуваат околу стеблата лимони за да ги заштитат.

22

21

Ентериерот на вилата се издвојува по врвна естетика и е дело на португалското биро L’Elephant Interiors. Просторите беспрекорно се спојуваат и се преплавени со светлина. Големите врати ја поврзуваат внатрешноста на дневната соба со надворешните тераси, правејќи двата простора да изгледаат како еден.

7

Шест спални соби и девет бањи се украсени со локални ткаенини и уметнички дела кои даваат вистинска грчка атмосфера. Вилата од 294 квадратни метри користи природни материјали како камен и бамбус и натур бетон. Објектот е проектиран да се прилагодува на променливите временски услови. Кружниот камен кров, не е само обликување, туку и носи сенка на секој надворешен простор, при што секој простор нуди различен поглед на прекрасните глетки.

20

17

Богатите текстури и бои кои го сочинуваат ентериерот се во совршена хармонија едни со други, спојувајќи се со екстериерот кој е направен од природни материјали како камен, бамбус и натур бетон.

8

Куќата е преполна со луксузни удобности. Во средината на отворениот простор се наоѓа голема засенчена трпезарија со поглед на пејзажот вредн за разгледница, а надворешното домашно кино и просторот за скара ја прават Cronus идеален дом за забави. Во центарот на вилата Cronus е отворен двор со стебла лимон, кој им оддава почит на архитектонските корени на куќата.

19

5

Секој аспект е внимателно разгледан за да овозможи единствен начин на живот и искуство, од архитектонската извонредност до внатрешниот распоред и неверојатните екстериери.

На парцела од над 950 квадратни метри, Cronus е мирно, приватно и возбудливо место за живот од соништата.

1

2

3

4

6

11

12

14

16

13

15

10

18

 

Испрати коментар

Scroll To Top