Во случај да планирате да се „преселите“ на некои од прекрасните грчки острови, оваа вила на Миконос е најдоброто нешто што може да се понуди.
Вила Calia е убава резиденција која од неодамна е ставена на продажба, а се наоѓа на југо-западната страна на Миконос, на врв од рид што нуди извонреден поглед на Егејското Море. Со цена од седум милиони евра, оваа луксузна вила има доволен простор за 15 лица во седум спални соби, каде што гостите ќе се чувствуваат како грчки богови.
Таа има стилски „инфинити“ базен во должина од 30 метри и има совршен поглед на морето и уникатна Т форма која ги поврзува со џакузи, кој се наоѓа во внатрешноста на вилата.
Исто така, во внатрешноста на вилата има теретана, великодушно голема тераса, отворена трпезарија и простор за уживање. Просторот за скара е шлаг на тортата, кога се гледа терасата.
Нејзиниот совршено дизајниран екстериер го следи и ентериерот. Главниот влез се простира на три ката, и води до две современи дневни соби со прекрасен поглед на море.
На највисокото ниво на вилата е извонредно опремената кујна со Smeg апарати, каде што може да се ангажира приватен готвач.