Насловна / Архитектура / „Вила 18“ во Мадрид – игра на прави линии и кривини

„Вила 18“ во Мадрид – игра на прави линии и кривини

Меѓусебна игра на прави линии и кривини го дефинира обликувањето на семејна куќа во Мадрид, проектирана од шпанското биро Fran Silvestre Arquitectos.

„Вила 18“ е нова резиденција инспирирана од работата на шпанскиот скулптор Andreu Alfaro.

Објектот има дијагонален поглед на езеро кое е дел од мадридскиот голф клуб La Moraleja. Предложена е куќа која воглавном се развива на еден етаж поради достапноста на просторот.

Просторот на дневна светлина е поделен во два волумена со различни висини кои се поместуваат еден во однос на друг, формирајќи покриена тераса свртена југоисточно кон пејзажот.

Главното дел на објектот е висок скоро еден и пол кат. Ноќниот дел е сместен во трета структура која е уредена да обезбеди позатскриен надворешен простор.

При влегувањето во објектот чувството е единствено поради начинот на кој трите конструирани волумена меѓусебно делуваат за да создадат влезен двор што гледа на север.

Поради конструкцијата на геометријата, можни се непречени глетки. На овој начин, областите може да продолжат да бидат флексибилни за идните корисници и употреби.

„Во овој проект, ни беше предизвик да најдеме многу посебен и широк опсег на бели тонови со топли подтонови, исто како што лингвистите откриле дека Инуитите и другите народи на Арктикот имаат повеќе од четириесет термини за да го опишат снегот“, изјавија од  Fran Silvestre Arquitectos.

Овие нијанси покриваат сè, од природниот камен на Colmenar до дрвото јасен што се наоѓа во шумите во Мадрид, неколку варијанти на месинг и температури на осветлување кои се движат до 2.700 Келвини.

Кровен прозорец ги осветлува областите на долниот кат кои се посветени на физичката благосостојба, како што се теретана, базен и други содржини.

Заоблените рабови на секој волумен создаваат динамично визуелно читање. Со цел да се олесни конструкцијата и да се одржи ортогоналноста на сите внатрешни простори, овие заоблени делови  се поставени на отворената тераса.

„Отсекогаш бевме фасцинирани од оваа стратегија во делата на Andreu Alfaro. Во некои од неговите дела, односот помеѓу правата линија и кривината создава континуиран јазол, каде што изгледа дека окото беспрекорно тече од еден елемент до друг“, велат архитектите и додаваат: „Се обидовме да го ‘доловиме’ овој просторен квалитет од скулптурите на Alfara“.

Со базенот кој се влева во терасата, која потоа се спојува со фасадата со вградениот волумен, поголемиот дел од куќата формира еден вид континуирано патување кое завршува назад кај базенот. Овој метод нагласува една од бројните намени на домот, која треба да се цени преку набљудување.

Испрати коментар

Scroll To Top