Во сабота и недела ќе се изведуваат градежни активности на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, информираат од Град Скопје.
Градежните активности- попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, ќе се извршуваат во период од 7 до 17 часот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“.
Сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.