Британското студио Lipton Plant Architects одлучи бункерот без прозорци од Втората светска војна да го претвори во куќа за одмор и релаксација.
Овој бункер е изграден во 1939 година и бил напуштен одамна, но сега архитектите добиле дозвола да планираат и проектираат куќа со две соби за одмор и изнајмување.
Според основачот на Lipton Plant Architects, Едвард Липтон, бетонскиот свет од Втората светска војна без прозорци, кој не е откриен 70 години, се трансформира во простори што за првпат ќе имаат поглед, светлина и жители. На врвот на бункерот ќе има прозорец во форма на експлозија на бомба.
Создаден како дел од радарскиот систем Chain Home, кој е прстен од радарски станици направени од Кралските воздухопловни сили за време на Втората светска војна, овој бункер од 76 квадратни метри се наоѓа на јужниот брег на Обединетото Кралство.
Внатрешноста на бункерот ќе биде со две спални соби, кујна, дневна соба и бања.
Бидејќи бункерот нема прозорци, два прозорци се проектирани во форма на експлозија за да може светлината да влезе внатре, еден во дневната соба и еден во спалната соба.
Освен промената околу прозорецот, надворешноста на бункерот останува претежно иста. Внатрешноста ќе има голи бетонски sидови, бидејќи архитектите се стремат да го задржат првобитното чувство на бункерот, бидејќи нивната цел не е целосно да го реконструираат бункерот, туку да ја сменат неговата намена.
Тие ги испитуваа материјалите, боите, текстурите и деталите на бункерот, неговата претходна употреба и опрема, и од овие ресурси проектираа простор кој е единствен, специфичен, но не отстапува од минатото.