Насловна / Архитектура / Викендица во која од кревет може да уживате во Северната светлина (Аurora borealis)

Викендица во која од кревет може да уживате во Северната светлина (Аurora borealis)

Во пoдножјето на активниот вулкан Хекла на југот на Исланд, во две мали монтажни викендици можете да уживате во спектакуларниот поглед на северната светлина и ѕвездено небо.

1_resize

Браќата Andreas и Jaak Tiik од Естонија со својата фирма ÖÖD Homes, извеле проект на две мали несекојдневни викендици на Исланд. Викендиците со површина од 18 квадратни метри имаат неопходна содржина за краткотраен боравок.

3_resize

Предниот дел, кој е наненет за спиење, речиси во потполност е изведен од стакло за да можат гостите да уживаат во ѕвезденото небо и Северната светлина (aurora borealis), додека задниот дел во кој се сметени дневниот боравок, кујната и бањата обложен е со дрво.

2_resize

„ÖÖD Iceland е куќа од стакло, која овозможува набљудување на ѕвездите од вашиот дом и кревет на потполно ново ниво“, истакнува Andreas Tiik.

5_resize 11_resize

„ÖÖD Iceland проектирани се во склад со околниот пејзаж. Стаклото е во совршен склад со исландската природа и пропушта, што е можно повеќе од нејзината убавина во својата внатрешност“, додава  Tiik.

4_resize

Како и сите други ÖÖD објекти и овие две викендици, направени се во фабрички услови, а потоа се испорачани на локацијата и инсталирани за еден ден.

Ентериерот на викендицата е инспириран од културата на Викинзите и нордијската митологија, што е изразено преку рустичниот дизајн на креветот и викиншкиот симбол на месечина на кровот.

10_resize

Еден од најголемите предизвици бил да се сместат сите потребни функции во малиот простор. Така креветот добил големи фиоки за одлагање на работите, пишува Dwell. Во викендицата нема скриени простори, се е изложено и просторот делува како мал дом, а не како единица за складирање, што и била идејата на архитектите.

16_resize 12_resize 14_resize

Предизвикот со кој се соочиле поради значително количетсво транспарентно стакло, се однесува на на контролата на светлината во летните месеци, кога воопшто не паѓа мрак. Во текот на овој период од годината, гостите можат да навлечат дебели завеси кои се под нагиб и така да се заштитат од светлината и обезбедат приватност.

„Гостите во  ÖÖD Iceland импресионирани се од природата во која можете да уживате од удобност на дом“, вели Tiik.

7_resize 6_resize 8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top