Насловна / Архитектура / Викендица на Крит која лебди помеѓу планината и морето, небото и земјата

Викендица на Крит која лебди помеѓу планината и морето, небото и земјата

Проектот на оваа куќа на Крит, Грција е во хармонија со нејзината природна средина поради нејзината големина и  употребениот материјал.

Употребата на природни материјали, како локален камен и дрво, придонесува за поинтензивен меѓусебен однос на објектот и природата.

17_resize

Потпрена на планинска карпа речиси на врвот на ртот Кoутoулос, интегрирана во дивиот пејзаж и направена од земјени материјали, оваа издолжена викендица е заштитена од северниот ветер и гледа кон Критско Море на југ.

16_resize

18_resize

Архитектите Nikos lykoydis и Ismene Papaspiliopoulou проектирале цврст ѕид во форма на буквата L, изграден од камен, служи како продолжение на планината и го дефинира распоредот на сите внатрешни простории.

9_resize

Две јасни структури, од кои едната се состои од дневна соба, кујна и трпезарија, а другата од спални соби, меѓусебно се поврзани со долга полуотворена дневна соба, почнувајќи од карпа и завршувајќи на издигната платформа која лебди помеѓу планината и морето, небото и земјата.

11_resize

10_resize

Сиви бетонски плочи, премаз од глина во бија на теренот на надворешните ѕидови, метал, природно дрво и локален природен камен се основните материјали на оваа викендица со површина од 216 квадратни метри.

12_resize

5_resize

Природните материјали прават викендицата да делува како продолжение на природните убавини што ја опкружуваат. Употребата на природен камен е присутна како во надворешноста, така и во внатрешноста.

Она што оваа викендица ја прави совршено место за одмор е нејзината совршена хармонија со природата што ја опкружува – поради исклучиво природните материјали што се корисени за нејзината изградба, и поради нејзината структура и форма.

19_resize

1_resize

2_resize

3_resize

4_resize

6_resize

7_resize

15_resize

14_resize

13_resize

8_resize 21_resize Screenshot 2022-03-09 101730_resize

Испрати коментар

Scroll To Top