Насловна / Архитектура / Викенд куќа на холандскиот остров Влиеланд

Викенд куќа на холандскиот остров Влиеланд

bl_191114_01-630x420

Оваа мала но функционална викенд куќа е проект на студиото Bloem and Lemstra Architects.

bl_191114_02-630x421

Сопственикот бара од архитектите проект за мала викенд куќа со многу светлина и отворена кон околината со убави видици.

bl_191114_04-630x421

Архитектите создаваат чисто и едноставно решение. Собите на кои не им е нужно комплетно осветлување се сместени на северната страна, а тоа се спалните соби, бањата и тоалетот. На јужната осончана страна е сместена дневната соба. Таа има две застаклени страни кои целосно се отвораат. Во летниот период кога стаклените врати се отворени, внатрешноста станува надворешност.

bl_191114_05-630x329

Ограничувањата на парцелата се 55 м2 и продолжување за 6 м2, поради што архитектите се одлучуваат за проширување напред, кое овозможува приватност од патот а е влез за куќата во зима. Овој простор  и кујната се поставени во посебен кубус.

bl_191114_08-630x420

Куќата содржи некои суптилни детали како: предната врата е изведена во исто дрво како кубусот, продолжувањето на подот од дневниот престој во иста површина надвор и внатрешните врати без рамки.

bl_191114_10-630x420

bl_191114_11-940x708

Испрати коментар

Scroll To Top