Насловна / Вести / Виенскиот „зелен музеј“ номиниран за „Европската награда за културен бренд“

Виенскиот „зелен музеј“ номиниран за „Европската награда за културен бренд“

Стручњаците од областа на културата, економијата и медиумите избраа во германскиот град Потсдам, 25 институции кандидати за 15-тата „Европска награда за културен бренд“. Во категоријата за која за прв пат се доделува „Европската награда за одржливот“, номиниран е виенскиот музеј Kunst Haus Wien.

Најзначајната европска награда од областа на културата, ги наградува проектите во вкупно осум категории: иницијатори на културните трендови, одржливи инвестиции во културни проекти, иновативни образовни програми, култура на градот и региони на културен туризам, како и најангажирани менаџери од областа на културата во Европа. Стигнале 112 пријави од Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Шведска, Финска, Данска, Литванија, Белгија, Норвешка, Италија, Англија, Португалија, Украина и Холандија. Во категоријата “Европска награда за одржливост“ која е воведена за прв пат, жирито го номинираше виенскиот музеј Kunst Haus Wien. Како прв „зелен музеј“ кој добил Австриски еколошки знак Kunst Haus Wien покажал како еден музеј може да стане поотворен кон пошироката јавност по однос на прашањата за заштита на животната средина и подигањето на свеста во оваа област.

kunst haus 1

kunst haus2

Од 2014 година, музејот претставува уметници кои критички и визионерски се занимаваат со теми како што се одржливост, климатски промени, рециклирање, уредување на градовите, меѓугенерациска одговорност. Во самиот музеј се спроведуваат највисоките можни еколошки стандарди. Актуелната изложба во музејот „После нас потоп“ е уметничка презентација која не поттикнува само на размислување туку и на дејствување. Победниците „Европска награда за културен бренд“ ќе бидат прогласени на 26-ти ноември 2020 година, во рамките на гала вечерата Night of Cultural Brands.

kunst haus3

Испрати коментар

Scroll To Top