Аеродромот во Виена „Flughafen Wien AG“ ги стави во погон првите фотоволтаични постројки кои се наоѓаат на покривите од хангарите и складиштата за машини. Поставени се 2.000 соларни модули на вкупна површина од 3.200 m2.
Фотоволтаиците имаат капацитет за производство 500.000 kWh електрична енергија годишно и на тој начин ќе придонесат за еколошко и одржливо снабдување со електрична енергија на виенскиот аеродром.
Како што најавуваат од аеродромот, нивната цел е во наредните неколку години да поставуваат нови 4.000 m2 фотоволтаици годишно со што ќе се влијае на намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид. Виенскиот аеродром во последните три години ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 20%.