Насловна / Вести / Виена: Зелени фасади наместо клима уреди

Виена: Зелени фасади наместо клима уреди

Во последните години, температурите во Виена во летните месеци ги рушат сите рекорди, и зачестено се појавуваат т.н „урбани топли острови“ (Urban Heat Islands). Градот Виена се бори против тој феномен, преку „озеленување“ на зградите и збогатување на јавните површини под вода и дрвја. На тој начин, се регулира микроклимата. „Зелените фасади кај деловните објекти ја подобруваат микроклимата во канцеларите, значително влијаат на намалување на бучавата од собраќајот, и дејствуваат како филтер за прашината од воздухот“ изјавува советникот на Град Виена за животна средина Ulli Sima.

Виена системски го решава проблемот на „урбаните топли острови“, преку стратегијата  Urban Heat Island Wien (UHI-STRAT) во рамките на Одделот на градот за животна средина  (MA 22).  Со тоа, Виена е еден од првите европски градови кои не само што го проучува феноменот на „урбани топли острови“, туку развива и имплементира системски мерки против оваа појава.

HUI2

HUI3

HUI4

 

Испрати коментар

Scroll To Top