Насловна / Вести / Виена започнува досега најголема соларна иницијатива

Виена започнува досега најголема соларна иницијатива

Градот Виена си постави цел до 2040 година да биде јаглеродно неутрален, и тоа е веќе договорено со новата коалициона влада како дел од програмата. Најзначајните активности за постигнување на таа цел ќе бидат енергетската транзиција и развојот на обновливите извори на енергија. До 2025 година, инсталираната моќност на сите соларни постројки во Виена треба да се зголеми од актуелните 50 на 250MWp, a до 2030 година на 800MWp. Затоа, потребно е да се обезбедат површини за поставување на фотоволтаици, еднакви на површини на 90 до 100 фудбалски терени годишно. Процедурата за одобрување на фотоволтаичните постројки е поедноставена, а средствата за субвенционирање се зголемени од еден на три милиони евра годишно.

solarviena1

Градот ќе се фокусира на поставување на фотоволтаични панели на површини како што се: покриви, фасади, паркинг места, депонии и подрачја на постоечки електрани, остатоци од инфраструктурни објекти и сл. „Нашата цел е до крајот на нашиот мандат, секоја година да изградиме толкав број на соларни постројки колку што се изградени во последните 15 години. Сакаме Виена да стане пример во областа на соларната енергија“ изјавил Јирген Чернохорски, член на градскиот совет задолжен за климата.

solarviena2

 

Испрати коментар

Scroll To Top