Насловна / Вести / Виена воведува централен систем за ладење

Виена воведува централен систем за ладење

viena

Во близината на Schottenring, во потесниот центар на Виена, се гради нова постројка која на граѓаните ќе им овозможи полесно да ги поднесат летните горештини. Наместо да ги ладат становите со конвенционални методи, кои трошат многу енергија, сега за ладење ќе го имаат на располагање системот за централно ладење. Инаку, постоечкиот систем за централно греење во Виена е насекаде познат по својот одржлив технолошки концепт бидејќи користи отпад како главно гориво. Погонот за согорување на отпад Spittelau, со својата технологија ја намалува емисијата на јаглерод диоксид за 550.000 тони годишно.

Погонот има навистина уникатен дизајн и фасада која е дело на познатиот авсртиски уметник Хундервасер. Системот на централно ладење уште повеќе ќе придонесе за унапредување на животната средина и ефикасното користење на енергијата.viena  (2)

Инвестицијата за изградба на погонот кај Schottenring вреди 15 милиони евра. Системот за централно ладење ќе функционира преку посебни цевки низ кои струи ладна вода, која откако ќе помине низ дистрибутивната мрежа и инсталацијата на корисниците, се враќа повторно во системот загреана, што исто така е употреблива енергија. Погонот во Schottenring има моќност од 15 MW, што е еквивалентно на моќноста на 100.000 фрижидери со стандардни карактеристики.

Но, најважно е дека овој погон за централно ладење не е првиот од ваков вид во Виена. Ова ќе биде четврти погон во системот за централно ладење чија вкупна моќност достигнува 57 MW. Планот на градските власти е до 2020 година овој инсталиран капацитет за ладење да достигне 200 MW.

 

Испрати коментар

Scroll To Top