Насловна / Вести / Виена во зелена офанзива

Виена во зелена офанзива

Австриската престолнина планира до 2025 година, да санира и изгради 400.000 m2 зелени површини. Kardinal Nagl Park, кој е еден од омилените паркови во третиот виенски округ Landstraße, до следната есен ќе добие ново лице. Во неговата обнова ќе се вложат еден милион евра. Така на површина од 8.000 m2 ќе се добие повеќе зеленило, нови дрвја, фонтани,а детското игралиште и терените за рекреација ќе се прошират. Обновата на овој парк започнала во средината на месецов, и е еден од 23-те проекти за обнова и изградба нa зелени површини во 2021 година. Меѓу парковите кои се веќе завршени и отворени за јавност се и Stefan Weber Park во петиот округ Margareten, и Wande Lanzer Park  во четвриот округ Wieden. При обновата на парковите, посебно внимание се посветува на намалувањето на топлинските острови, инсталирање на системи за разладување и места за рекреација. Во текот на 2020 година, над илјада жители на градот биле анкетирани во врска со нивни предлози и идеи за обнова на парковите. а најчестите желби биле: повеќе зеленило, повеќе вода и места за одмор.

park1

park2

park3

 

Испрати коментар

Scroll To Top