Во склоп на проектот „Биофабрика Виена“, во текот на фестивалот “Климатско биенале“ во Виена, се изработуваат тули од градежен шут и отпад. Во процесот се користи дури и градежниот шут настанат во текот на изградбата на новата метро линија, но и остатоци од брашно. Тулите ќе бидат користени за изградба на дел од фестивалскиот центар Vienna Design Week во септември.
Во текот на сто дена, меѓународни стручњаци истражувале што може да се направи со градскиот отпад. Првиот резултат е тула од материјал кој инаку би завршил на отпад. За изработката ќе се користи глина од градежните локации на подземната железница, како и остатоци од брашно од пекарата Ströck. Во текот на експериментот дошло до неочекувани ефекти. Добиените прототипови сеуште не се погодни за изградба на куќи. Целта на истражувањето е да се покаже дека може да се развијат бизнис модели со овие производи.
Глината од градилиштата на подземната железница во овој проект не се пече, туку само се суши на воздух. Непечената глина има 80% цврстина на печена тула, што е доволно за најголемиот број примени. Големата предност на овој концепт е во значително подобрата енергетска ефикасност, бидејќи не е епотребно печење на тулите. Исто така, тулата може повторно да биде користена во согласност со принципите на циркуларната економија. Имено, од тој материјал може да се обкикуваат нови тули.